fitoneIshrana

Исхараната и вежбањето

Аеробикот, пилатесот и Зумбата како дисциплини во вежбањето пред се користат на забавен начин да се добива одредена придобивка во зависност од програмата која се применува. Секоја од понудените програми си има свои предности кои директно се поврзани со желбите на вежбачите.

Вежбањето во целина служи за подобрување на аеробните способности, корекција на деформитети, топење на масти, тонизирање на мускули, правилно држење на телото, стимулира одредени или цели системи во телото итн. Сепак за одржување на правилен баланс во телото, голем фактор е исхраната, и токму поради тоа истата не смее да се занемарува.

Исхраната како важен фактор

Секако, покрај вежбањето потребен е и правилен начин на исхрана. Таа е составен дел во остварувањето и полесно постигнување на одредената цел. Често се запрашуваме:

Може да се поставуваат безброј прашања а може и да се пронајде одговорот ако за тоа му се даде посебно внимание како еден од главните поттикнувачи и помагачи при вежбањето.

Како што секоја од понудените програми на аеробикот има своја придобивка и предности така и секоја храна има свое значење, придобивка и предност во целукопната реализација на замисленото. Не е секој во можност да го познава, разбира и практикува значењето на исхраната па затоа во кратки црти со неколку важни податоци ќе пробаме да ви ги објасниме мистериите кои ќе делуваат позитивно и значајно во целава проблематика.

Храната може да ја поделиме на 2 групи:

Според состав

Може да кажеме дека повеќето луѓе знаат што се протеини, масти и јаглехидрати. Тоа е составот на храната која ја внесуваме секојдневно преку нашата исхрана и нашето познавање на истата. Откако се запознавме со составот на храната почнуваат комплексните работи кои многу од луѓето ги збунува. Верувам дека секој барем еднаш во животот ќе се запража дали е тоа храната таа која нему му е потребна?

Најважна работа во исхраната е добро балансираната храна во која мора да биде застапена протеинска, јаглехидратна и масна храна во оние количини колку што е потребно. Ако лесно се преработи и поголемиот дел се ресорбира со помош на ензимите, тогаш можеме да кажеме дека навистина знаеме што треба да јадеме.

Секој дисбаланс влијае врз здравјето, тежината, расположението, самоувереноста, самозадоволството итн. Поновите истражувања околу оваа проблематика кажуваат и покажуваат дека не е само тежината бенефит од правилен начин на исхрана туку со неа може да се лекуваат и некои заболувања во кои има голем удел ако правилно се применува и комбинира. Иако во тие комбинирања се внесува повеќе протеинска или пак јаглехидратна храна, сепак не смее да се изостави и другата храна. Некои се запознаени со макробиотската и вегетарјанската храна и позитивните работи кои ни ги нуди истата; сепак таа нема ист ефект кај сите кои ја применуваат затоа што важен, а и голем удел има и крвната група во која спаѓаат.

Според крвна група

Како еден и најважен фактор во исхраната е крвната група. Таа дирекно влијае на тоа каква храна треба или пак се препорачува да се внесе во организмот со што ќе се подобри неговиот правилен и нормален тек на функциите. Се прашувате што сакам да кажам? Сакам да кажам дека секој организам различно ја преработува храната, па така според некои истражувања се направени табели во кои е препорачано што да се јаде во зависност од крвната група (А, Б, АБ, О).