fitonePrograma

Fit Ball Pilates

Пилатес на топка е сосема нов начин за обликување на телото. Овој револуционерен метод на вежби со топка има за цел постигнување на кондиција преку вежби со низок интензитет, но со голема делотворност. Со помош на Пилатес методата на топка се урамнотежува телото преку развивање на површните долги мускулни групи, јакнење на слабите длабоки мускулни групи, правилно држење, подвижности и стабилност на 'рбетот. За разлика од било кој друг дел од опремата за вежбање Пилатес, топката нема стабилна основа. Одржување на рамнотежа на нестабилната топка ангажира многу длабоки мускулни групи - стабилизатори. Голем дел од овие мускули премалку ги користиме, што доведува до највообичаени повреди на колената, зглобовите, 'рбетот и раменскиот појас. Во зависност од висината на вежбачите пилатес топката ја има во повеќе величини:

Вежбите на пилатес топката се препорачуваат и на бремени жени, но во точно определен период од бременоста со консултација од гинеколог.

Пожелно е за секого да поседува пилатес топка и во својот дом како за секојдневно истегнување на телото,така и како столче за пред компјутер,телевизор па и за замена на фотеља затоа што се ова помага за правилно држење на телото ,подобрување на еластичноста на 'рбетот и намалување на притисокот на мускулите на вратот и грбот.

Топката за вежбање ја користат многу познати спортски тренери, танчери и спортисти за да ја подобрат свеста за телото и изведувањето на движењата. Пилатес вежбите на топка претставуваат совршен темел за изведување на елегантни пилатес движења со помош на кои се развива издржливост и еластичност на телото.

Долгогодишното вежбање на пилатес со топка во нашиот клуб и искуствата собрани од тоа ни овозможија да креираме еден интересен и многу квалитетен час кој ги задоволува потребите и на вежбачите кои се во форма и на почетниците. Fit Ball Pilates претставува час кој е динамичен, во кој се користат и други реквизити и е микс од вежби во кои нашите вежбачи уживаат.

Секој поединец може да го даде својот максимум во вежбањето затоа што секоја вежба има можност да се изведува во повеќе нивоа во зависност од подготвеноста на вежбачот.

Мала историја за Пилатес методата

Пилатес методот за обликување на телото е уникатен збир на вежби за снага и истегнување, кој што пред скоро сто години го развил Џозеф Пилатес. Тој ја осмислил оваа метода на вежби која што се темели на поврзаноста на мозокот и телото, а лекарите ја применуваат скоро еден век.

Во Германија на почетокот на 20 тиот век, Пилатес почнал да го равива овој метод на вежби. Тој како дете бил болен од астма и рахитис, и со намера да го подобри своето физичко здравје, го осмислил овој метод на вежби. Методот го нарекол контрола на мускулите за да го истакне својот единствен пристап - користење на мозокот за да се контролираат мускулите. За време на Првата светска војна додека стажирал, ги подучил своите колеги за примена на овој метод со што ги спасил од епидемија на грип која владеела во 1918 година. Подоцна Џозеф ја користел оваа метода за да го подобри здравјето на своите пациенти, која што се покажала како многу ефикасна, а пациентите брзо се опоравувале.

Пилатес методата и придобивките од пилатесот

Пилатес методата го развива тонусот на мускулите, го подобрува држењето, а телото го прави поубаво. При тоа не треба да се грижите дека ќе создадете преголеми мускули, коишто најчесто се неизбежна последица на другите конвенционални методи на вежбање. Целта на пилатес системот е во тоа да се истегнува и јакне телото, а истовремено да се одржува рамнотежа и поврзаност. Правилното држење на телото, издолжување и контрола на мускулите се основа на пилатес вежбите, и сите различни стилови на подучување се стремат да ја достигнат таа цел.

Ефикасноста од Пилатес методата се согледа во истрајноста и стрпливоста при вежбањето. Убавината на Пилатес вежбите е во тоа што кога ќе ја сфатите нивната суштина и филозофија, истите движења ќе можете да ги применувате во било која ситуација од секојдневниот живот. Секоја вежба сама по себе е важно движење и може да се користи како начин на истегнување и правилно држење во текот на целиот ден. Многу луѓе ги користат овие вежби за да ги подобрат другите активности со кои се занимаваат. Спортистите на пример, ги користат движењата и филозофијата на Пилатес методата во спортските активности. Но без разлика на тоа дали сте спортист или сакате да се излежувате, дали сте млади и витални или стари и нееластични, Пилатес методата ќе го промени начинот на кој се однесувате кон своето тело и ќе ви помогне да се чувствувате здрави и витални.