fitonePrograma

Fit Energy

Fit Energy аеробик претставува дел од новата програма на Fit One, прилагодена според можностите на изведувањето на вежбите од страна на вежбачите. Динамиката на вежбање се изведува од послаб кон појак интензитет, со постепено забрзување на изведувањето на вежбите. Музиката е прилагодена спрема динамиката на вежбањето, која со својот ритам и темпо непрекинато ги поврзува движењата, правејќи единствена целина. Овој вид на аеробик е со моторна физичка активност, која посебно е прилагодена за развој на функционалните способности, на оние латентни димензии кои се во центарот на вкупната здравствена состојба. Fit Energy аеробикот е 60 минутен високо-ефективен аеробен тренинг кој вклучува вежби со висок и низок интензитет за подобрување на силата и издржливоста.

Од што се состои Fit Energy?

1. Загревање - на почетокот се фокусираме на едноставни аеробик движења за да го загрееме телото. Овој дел е многу важен за понатамошниот дел од часот, а посебно како превенција од евентуални повреди. Во овој дел на часот се постигнува:

2. Аеробен дел - во овој дел се користат два типа на движења:

Овој дел од часот не само што го поттикнува топењето на мастите, туку ја подобрува координацијата во ритам, подвижноста и флексибилноста. Исто така помага при обликување и затегнување на мускулните групи на целото тело, како и при јакнење на коскено-зглобниот и тетивниот сегмент.

3. Истегнување и опуштање - Ви честитаме! Успеавте да го издржите часот. Сега е време да се одморите, истегнете и опуштите.

Што треба да носите?

Се што треба да понесете е многу енергија, еден пешкир и шише вода!

Многу важно е да носите комфорна спортска облека, која нема да ве попречува во движењата. Повеќето вежбачи носат хеланки или шорцеви и маичка, коишто попрактично би било да се од ликра бидејќи така побрзо се сушат при потење.

Во овој тип на час има многу странични движења, така што препорачливо е да се вежба со fitness патики или патики за трчање, кои што ќе ја обезбедат потребната стабилност на стапалата.

За време на првите 3 часа

Најдобро е на првите неколку часа да се потрудите да ги научите движењата, композицијата на часот и основната терминологија што ја користи инструкторот. Не е толку битно да се насочите на квантитетот на вежбите, тоа ќе си дојде само по себе подоцна кога веќе ќе стекнете подобра координација и ритам. На првите три часа треба да се насочите на квалитетно и правилно изведување на вежбите.

Се препорачува овој час да се посетува еднаш неделно, а всушност и така е вклопен во програмата на Fit One.