fitonePrograma

Step One

Step One е најпопуларна форма на аеробик, која вклучува разновидни движења со употреба на степер и во придружба на мотивирачка музика. Баш поради употребата на степерот, оваа дисциплина е позната како Степ Аеробик. Овој вид на аеробик е посебно наменет за зацврстување и обликување на нозете и задникот, а помалку на рацете и рамениот појас. Оваа активност првенствено делува на развојот на кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Интензитетот на работата и потрошувачката на енергија може да бидат умерени но не и големи. Затоа степ аеробикот е погоден за почетници во аеробикот, но и за спортисти, пред се со цел подобрување на аеробната издржливост.

Каква облека треба да носите?

Многу важно е да носите комфорна спортска облека, која нема да ве попречува во движењата. Повеќето вежбачи носат хеланки или шорцеви и маичка, коишто попрактично би било да се од ликра бидејќи така побрзо се сушат при потење.

Во Степ Аеробикот има многу странични движења, така што препорачливо е да се вежба со fitness патики или патики за трчање, кои што ќе ја обезбедат потребната стабилност на стапалата.

Овој час изгледа тежок! Дали треба да имате добра координација?

Потребно е да посетите неколку Step One часови за да стекнете сигурност при користење на степерот. Треба да вложите малку напор, но поради тоа не се откажувајте. Со секој час што ќе го посетите ќе се чувствувате поудобно и посигурно на степерот.

Step One часот може да се применува на сите фитнес нивоа. Можете сами да го зголемувате или намалувате интензитетот на вежбите, но тоа секако во договор со инструкторот.

Се препорачува овој час да се посетува еднаш неделно, а всушност и така е вклопен во програмата на Fit One.

Придобивки од Step One

Луѓето кои редовно присуствуваат на Step One часовите потврдуваат дека со редовно вежбање ќе го постигнете следново:

За да ги почуствувате сите овие придобивки ќе мора да пробате Step One час, каде што на крај од часот ќе знаете дали оваа дисциплина е вистинската за вас.