ZumbaVertical

Што е Zumba Fitness?

Zumba Fitness е најуспешниот бренд во фитнес-вежбањето. Zumba не е танц, не е ни верзија од класичен аеробик, туку е програма за вежбање која е смислена од Alberto "Beto" Perez, кој во 2001 година ја брендирал и ја шири низ светот преку лиценцираните Zumba Fitness инструктори. Накратко Zumba Fitness претставува програма на аеробични вежби каде што се вклучени елементи на танцување, т.е. комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно.

Музиката е клучната состојка на Зумба часовите. Кореографијата креирана со специфични тактови и смени на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио движење, целат кон секоја мускулна група во телото. Зумбата позајмува латино вкусови од следните стилови на танцување: Cumbia, Salsa, Merengue, Mambo, Flamenco, Chachacha, Reggaeton, Samba, Belly Dance, Hip Hop, Tango и многу други.

Придобивки од ZUMBA Fitness

Се покажало дека Зумбата на посебен и чудесен начин позитивно влијае врз вежбачите. Бенефити од Зумбата ги има многу, меѓу кои се:

Каква облека треба да носите?

Иако постои облека која е наменета за вежбање на Зумба, така наречена ZUMBAwear, може да се вежба на Зумба часовите со облека која ќе биде комотна и пријатна за вежбачот. Задолжителни се патики што одговараат за вежбање, додека другите комбинации на облека се оставени на избор на вежбачот.

Првиот час

Најдобро е на првиот час да се потрудите да го пратите инструкторот и да ги научите движењата што се користат. Се препорачува да ги пробувате чекорите кога инструкторот ги објаснува пред почетокот на кореографијата. По можност застанете во првите редови за да можете подобро да ги гледате вежбите и полесно да ги копирате од инструкторот.

Најважно е да се препуштите на забавата и да уживате во Зумбата. Дозволено е, а и се охрабруваат вежбачите за време на зумба часот да се забавуваат на свој начин, користејќи врескања, пискања, навивање и други „откачени“ активности :)